Владата ќе дели таблет компјутери на студентите

во ИТ.МК

Се подготвува закон со кој ќе се оделат 1,5 милиони евра за да им се дадат таблет компјутер на студентите. Законот, кој е влезен во Собранието и според најавата ќе се донесе по скратена постапка. Таблет компјутерите секако може да им користат на студентите, посебно на тие ако немаат компјутер и имаат потреба да се поврзат со факултетите.

Ќе се поделат ваучери од вредност од 8.000 денари на редовните студенти чии семејства немаат месечни бруто приходи над 32.741 денари, како и на студентите со посебни потреби. Сумата на ваучери можеби ќе биде доволна да се купи солиден Android таблет, и иако се предвидува надворешна тастатура сепак прашање е дали е потребна во замена за подобри перформанси. Ова е втор ваков проект на властите откако во 2007, 2008 и 2012 беа поделени 28.319 ваучери за студентите да си купат компјутер.

За таблет компјутер за ученици се зборуваше и пред три години, иако планот сега се смени да бидат пренаменети за студентите. Веста беше најавена од премиерот Никола Груевски на неодамнешен партиски митинг каде тој се осврна на скандалот #бомба, но и го искористи обраќањето за да го смири револтот на Студентскиот пленум кој само пред месец дена ги прогласи факултетите како слободна зона.

Од Пленумот, сепак, не се баш задоволни од гестот со таблет компјутерите, бидејќи веруваат дека високото образование има посуштински дупки кои треба да се поправат.

„Иако и досега имаме повеќепати посочено кои се барањата на студентите, ако некому сè уште не му е јасно, пак ќе повториме – сакаме човечки услови во студентските домови, сакаме соодветна и современа литература на македонски јазик, сакаме опремени лаборатории за природонаучните и техничките факултети, сакаме асистенти, сакаме студентски мензи, сакаме студентски бенефиции, сакаме бесплатен јавен превоз. Сакаме да знаеме дека ќе може да најдеме работа дома. И дури тогаш, проектот за бесплатен таблет би имал некоја смисла“, велат од Студентски пленум за Радио МОФ.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments