0 коментари 3 мин. читање 23 март, 2015

Аеродром во Вашингтон тестира софтвер за препознавање на лице

Царината на аеродромот во Вашингтон од 11 март, тестира технологија за препознавање на ликот која ќе им овозможи да ги фатат натрапниците или патниците кои користат пасош кој што не им припаѓа, јави Motherboard кој дојде до презентација на пилот-проектот под име 1:1 Facial Recognition Air Entry Pilot. Експериментот е во прва од трите фази кои треба да покажат дали биометриското препознавање на ликот во иднина би можел да биде од полза, но и да прибере податоци од граѓаните на САД кои се враќаат од странство. Технологијата овозможува фотографирање на посетителите и споредба на овие податоци со податоците зачувани на чипот на пасошот. Системот ќе ја покаже степенот на совпаѓање, а по ова операторот по сопствено убедување може да преземе мерки.

Активистите за човекови слободи и граѓански права веќе пердупредуваат дека ова тестирање би можело да се претвори во мрачна иднина, која би можела да креира можности за следење на граѓаните насекаде.

„Имаме програм во кој индивидуите кои не под сомневање се цел на рутиниски мерки. Од нив се бара да достават биометриски податоци по кои подоцна можат да бидат идентификувани, освен ова повие податоци остануваат зачувани“, вели Џејк Лаперук од Центарот за демократија и технологија.

За почеток пилот проектот ќе трае 19 месеци, а првата фаза на прибирање на фотографии ќе трае 90 дена, по што започнува анализа на податоците. Системот е целосно самостоен, а препознавањето и споредувањето на податоците е помеѓу 5 и 7 секунди. Што се однесува до прашањето за приватност, барем во пилот фазата нема причини за паника, фотографиите нема да се спојуваат со идентитет на корисникот. Системот е затворен и нема можност за пристап до податоците од надвор, конечно по завршувањето на пилот проектот сите податоци ќе бидат избришани. Сепак тоа што ги загрижува активистите за граѓански слободи е можност за примена на истата технологија од границите во градовите.

„Денес тестираат на границиа, утре можеби ќе имплементираат препознавање на ликкот во сите јавни места. Денес фотографиите се оделени од остантите агенции, утре можеби ќе сакаат да ги споделат за постигање на куп различни цели“, вели Дејв Мас, активист.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top