HTC и Valve објавија дека очилата Vive, кои беа пофален како еден од најдобрите уреди за виртуелна реалност, ќе доцнат до април, иако оригинално требаше да стасаат на почетокот на годината. Сепак, добра вест е дека HTC Vive сепак ќе бидат достапни.
HTC и Valve веќе започнаа да ги испраќаат Vive Development Kits до развивачите кои би навремено креирале содржина кога очилата ќе можат да бидат купени. Со цел да има што е можно повеќе и различни содржини, веќе во јануари ќе бидат испорачани 7.000 Vive очила до девелоперите, a веќе за следната недела на 18 декември е најавена конференција за девелопери во Пекинг на која ќе бидат претставени можностите на Vive. Втора генерација на уредите ќе биде достапна на CES, на почетокот на јануари, а технологијата ќе биде презентирана и на Sundance Film Festival, SXSW, GDC и MWC. Надвор од игрите HTC најавува дека се работи и на области како медицина, образование, продажба и забава.
Сепак, HTC ќе треба да побрза ако сака да се натпреварува со најпопуларниот Oculus Rift. И двата уреди се најавени дека ќе се продаваат во 2016-та година, па сега корисниците се на ред да видат која од двете компании ќе го исполни ветувањето.







