Филмот кој е непрекинат извор на гифови, Anchorman, за помалку од еден месец ќе го дочека своето продолжение. Премиерата на Anchorman 2: Legend Continues е закажана за 20 декември, и истовремено може да го промени начинот на кои се рекламираат филмовите, вели Adweek. Првиот дел од реламирањето опфаќа 50 кратки клипови кои ги сними Вил Фарел, наменети за различни држави. Со оглед на содржината на филмот, очекувано клипчињата се смешни и изгледаат дека се релевантни за локациите за кои се наменети. Рекламирањето не завршува тука. Студиото бара од фановите на филмот и самите да снимат куси видеа кои подоцна ќе ги споделат на друштвените мрежи Facebook, Twitter, YouTube, Instagram, Tumblr или Google+, со цел да се стигне до нови фанови кој вообичаено се потешко достапни.
[youtube]lIMiRosQPl8[/youtube]







