Викенд гејминг препорака: Teenage Mutant Ninja Turtles: Splintered Fate

Во случај да сте фанови и на roguelike и на нинџа желките, тогаш имаме одличен викенд предлог за вас! Teenage Mutant Ninja Turtles: Splintered Fate неодамна излезе и инстантно успеја да ги задоволи бројните Hades фанови. Преку нудење солидна акција, лесна приказна и одлични можности за (локален) ко-оп, чедото на Super Evil Megacorp е сѐ што би можеле да побараме во една Ninja Turtles игра.

Roguelike блаженство

Teenage Mutant Ninja Turtles: Splintered Fate е roguelite игра. Како таква, имате за задача да вршите најразлични преигрувања, почнувајќи секогаш од една точка и трудејќи се да стигнете што е можно подалеку со секое наредно преигрување. Развојниот тим се имаат потрудено да понуди единствена забава при секое преигрување. Како прво, во Teenage Mutant Ninja Turtles: Splintered Fate играте со која било од четирите нинџа желки.

Покрај очигледниот факт со оружјата, секоја од желките се одликува со уникатни способности, алатки и вештини. На пример, Рафаело се препорачува за критички напади, додека Донатело за издржливо и неуморно напредување. На сличен начин, Микеланџело може ефикасно да го привлекува вниманието на непријателите додека Леонардо сее деструктивни напади на сите страни. Нивните уникатни способности одлично се надополнуваат една со друга, пружајќи одлични можности за исполнителни ко-оп акциски сесии.

Низ рановите отклучувате најразлични способности од привремен карактер, а, по рановите, отклучувате способности од траен. Ова е клучната механика која го прави преигрувањето свежо и непредвидливо. Во поглед на способности низ рановите, ќе можете да одредите елементарно оштетување со вашите (специјални) напади или алатка, нешто што се и визуелно прикажува за време на игрите, давајќи посебен шмек за време на динамичните битки.

Се што вреди да се има, вреди и да се плати

Покрај собирање моќи кои функционираат само во моментното преигрување, ќе можете да отклучувате способности кои ќе се активни за време низ сите идни ранови. Секоја способност се отклучува во вашиот хаб, но со посебната трајна валута (dragon point) која се собира низ рановите.

Dragon Point валутата ви дозволува да се надградувате во три категории и да отклучувате корисни работи. Во одделот Training се фокусирате на подобро здравје, повеќе животи и пофлексибилни можности за избегнување напади, додека одделот Technique е резервиран за зголемување на ефикасноста на нападите и алатките. Последната категорија, Specialty, процентуално ги зголемува вашите дефанзивни и офанзивни способности.

Втората привремена валута која ја собирате низ рановите, скрап, ви помага да купувате корисни предности од продавнита која се појавува по непосредно пред главниот бос. За соодветна сума, мистериозниот продавач ќе го обнови вашето здравје, или ќе отклучи или надгради одредена способности. Како да ова не е доволно, ќе можете и да носите најразлични артефакти. Овие артефакти ја зголемуваат вашата моќ, но за да ги пронајдете потребно е да го елиминирате босот кој ги поседува.

Кога ќе се соберат сите овие работи, добивате комплексна и крајно динамична игра во која лесно е да бидете забавени. За ултимативната забава, меѓутоа, топло се препорачува играње со уште тројца други пријатели. Teenage Mutant Ninja Turtles: Splintered Fate е игра која е замислена да се игра во друштво. Иако нема да имате проблем при самостојното играње, впечатокот е значително подобар кога сте во група и кога ќе се растрчаат сите желки; секоја од нив со најразлични способности, извици и способности – незаменливо искуство.

Самите нинџа желки се одлично осмислени и не би можеле да се поразлични една од друга, особено во начините на кои се користат специјалните способности и уникатната алатка. Ова е двојно точно и за разноликите непријатели. Секој од бројните непријатели, особено (мини) босовите, се одликуваат со уникатни анимации и својствени офанзивни и дефанзивни тактики, пружајќи непредвидливо и крајно адреналинско искуство.

Во сево ова, особено помага прекрасната графика, преубавите мапи, како и квалитетната глума и музичка подлога. Кога сме кај глумата, пријатно се изненадувме од длабочината на приказната и честите ситуации каде имате за задача само да поразговарате со бројните ликови. Teenage Mutant Ninja Turtles: Splintered Fate навистина се труди да понуди одредена длабочина на ликовите и нивните моментни маки, нешто што сме сигурни дека ќе биде особено ценето од фановите на овој серијал.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Super Evil Megacorp
  • ИздаваSuper Evil Megacorp
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 6 ноември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments