Вест ја сокри содржината, ќе наплаќа претплата за црно-бело дигитално издание

во ИТ.МК, Статии

Вест реши да ја стави својата содржина зад „платежен ѕид“. Доколку се обидете да прочитате некоја од најновите вести на веб сајтот ќе ве пречека „целиот текст можете да го најдете во печатеното издание на Вест или да се претплатите на Електронското издание на Вест“. Со премиум услугата корисниците ќе го добиваат весникот веднаш штом ќе излезе од печат кој ќе биде „во автентична форма, односно со идентичен изглед како и печатениот весник“.

Цената на дигиталниот Вест ќе се движи од 10 денари за едно издание до 2.100 денари за годишна претплата. Ова премиум услуга важи и за Дневник и за Утрински весник, иако на сајтовите на овие два весника сè уште може да се читаат објавените текстови. Сепак, трите весници се на издавачката куќа Медиа Принт Македонија (МПМ), и затоа не би изненадило наскоро целата нивна содржина да биде ставена зад „платежниот ѕид“.

Плаќањето за содржина не е нешто ново, бројни светски медиуми се обидуваат исплатливо да продаваат содржина преку интернет, од неодамна таков е случајот и со New York Times. Во Македонија за содржина наплаќа бизнис весникот Капитал, а сега и Вест, најверојатно наскоро и Дневник и Утрински. Но, за разлика од бизнис ориентираниот Капитал кој има специјализирана уникатна содржина, Вест има содржина која се споделува и од други медиуми и која е наменета за помасовна публика чие прашање го знаеме уште од сега – зошто да платам за нешто што можам да го прочитам за беспари од други медиуми/сајтови?

Тоа што е интересно е што МПМ одбра да го задржи дигиталното издание „во автентична форма“. Наместо како сите светски медиуми кои наплаќаат претплата да го стори тоа со модифицирање на самиот сајт, МПМ нуди црно-бел дигитален весник во Flash базиран PDF фајл кој е без линкови, без архива, без можност за споделување на таа вест, без никава интеракција.

Идејата на дигиталните изданија на дневните весници е да обезбедат побрза информација од печатеното издание кое се чека подолго време да излезе од печат. Вест, Утрински и Дневник не се магазини со специјализирана содржина кои го користат најчесто и ваквите „флипинг бук“ форми, туку се дневни весници. Со претплатата ќе треба да понудат нешто посебно, поинаква содржина од другите медиуми за која вреди да се плаќа. Со претплатата, и со моделот на дигиталното издание, ќе треба и да се потрудат да обезбедат информации на време пред другите бесплатни медиуми, пред другите конкурентни весници, портали и секако телевизиите, кои да не заборавиме не се бесплатни, но нивните сајтови се.

„Сепак, и да има специјално прилагодување за мобилни уреди, ми се чини дека и со тоа целната група останува прилично ограничена. Ваквиот пристап може да биде интересен за членовите на дијаспората што се корисници на таблет-компјутери (ајпади, на пр.) и веќе биле навикнати на печатеното издание, па сега им недостасува. Прашање е и колку дијаспората ја интересираат вакви содржини од Македонија. Од тој аспект, веројатно не е случајно што еден од ударните недостапни написи во денешното издание е оној за забраната за влез на пејачката Гавазова во Австралија.“, пишува Филип Стојановски од фондација Метаморфозис на својот блог.

Во овие црно-бели дигитални изданиja нема реклами. Барем не сè уште, иако не би изненадило наскоро да ги видиме рекламите сместени во .pdf фајл, наместо на веб сајтот каде содржината ќе биде недостапна. Но, зарем тие што би сакале да се рекламираат на Интернет не би одбрале банер или друга форма на реклама која ќе води до нивниот сајт или услуга, наместо да добијат статична слика во .pdf фајл?

Што се однесува до публиката, дали е полесно да се купи весник во навистина автентична форма, или да се плаќа за црно-бело интерактивно издание, иако е 5 денари поефтино, ќе зависи од колку успешно ќе функционира платежниот ѕид и колку ќе биде МПМ убедлив во продавањето на оваа претплата. Или пак, идејата е само да се примораат читателите да купуваат повеќе печатени весници, а не и да читаат на Веб.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
10 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Вест ја сокри својата содржина зад платежен ѕид и започна да наплаќа претплата за своето дигитално […]

Vladimir
Vladimir
13 years ago

rip

Невен Пејков
Невен Пејков
13 years ago

идејата им е супер, меѓутоа реализацијата им е за греота:
– техничка реализација – ( сакаат со сув г'з риба да фатат )
– цена ?! ( да беше 3-5 денари за онлине ајде се јаде и се пие… меѓутоа 10 ден ?!!! )
Кои се причините за ова? Немаат саглам аналитичари и ИТ советници. Епа драги мои медиуми медиумот не го прават само новинари и 2-3 напалени шефчиња со слика од некој политички лидер во канцеларија!
БРУКА тешка!

mishevski
mishevski
13 years ago

Ова е одлична вест :) е отвара простор за нови весници

zta
zta
13 years ago

Za grev, i onaka on line izdanijata im bea procitana kniga, samo koj bi im platil da gi cita ?!

Milko Miksa Aritonoski
13 years ago

Ова е типичен пример на редакција / менаџмент кои немаат апсолутно никаква академска или професионална врска со напредоците и предностите на она што се нарекува Web 2.0 или онлјан новинарство. Доколку истите тие луѓе кои се одлучиле на ваков чекор би биле свесни за разликата во известување преку пишан и онлајн медиум, тогаш би ја препознале огромната грешка во промовирање печатени изданија во нивната изворна форма на дигитална платформа. Каде е искористувањето на онлајн алатките и сервисите за споделување и интегрирање? Каде е уникатниот и стандардизиран стил на пишување и уредување на различните вести и статии? Самиот факт што се обидуваат да ни продадат неков нус поизвод на нивното сопствено не знаење и неспособност доволно говори за FAIL факторот на целиот проект.

Во Македонија има доволно интелектуалци и професионалци кои се едуцирани на полето на модерните комуникациите, социјалните медиуми и онлајн новинарството. Тие луѓе треба да им помогнат на луѓето заглавени во вечната транзиција на пишаните и телевизиските медиуми за да се создаде поволна средина за преод кон овој нов модел на платежно информирање. Овој обид на МПМ треба брзо да се напушти но да не се заборави за сите грешки да не се повторат во иднината.

Сашо
Сашо
13 years ago

Пополека поминува времето на бесплатни работи. Ова е само подготовка за во иднината кога сите весници ќе бидат во електронска форма.

Влатко
Влатко
13 years ago

почеток на крајот на ВЕСТ :D, и онака немаше некоја нова содржина..на веб порталите информациите и сликите се објавени 3 дена пред ВЕСТ да ги објави…

pero
pero
13 years ago

nepromisleno, da ostaveme toa so ima drugi mesta kade da se citat vestite, tuka e i toa so ke go izdavat odma som ke izleze od pecat ??? wtf vesti se pojavuvat na sajtovite preku cel den odma som ke se dobie vesta se objavuva, vtoro site informacii se staticni bez nieden link, i crno belo, wtf u koj vek ziveeme, slusnale nesto no ne dorazbrale

напатениот
напатениот
13 years ago

Глеај сеа како ке им паѓа посетеност на сајтот, за еден месец, сеа се 19-ти на тиме.мк, ќе видиме пред нова година кои ќе бидат.