0 коментари 2 мин. читање 27 октомври, 2011

Употребата на мобилни уреди расте во Европа

Истражувачката компанија comScore објави извештај за тоа колку европјаните ги користат таблет компјутерите и паметните телелефони за пристап на интернет. Според извештајот, која е фокусирана на водечките пазари во Европа, Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија, во август паметните телефони и таблет компјутерите придонеле за 4,6 отсто од вкупниот интернет сообраќај.

Паметните телефони се најзаслужни за растот на интернет сообраќајот преку мобилни уреди, така дури 91,4 милиони мобилни претплатници во овие држави користеле паметни телефони, што е за 46 отсто повеќе од минатата година.

Кога станува збор за застапеноста на оперативниот систем, иако Symbian има најголем процент од пазарот на паметни телефони, iOS е најзастапен кога ќе се земат сите мобилни уреди. Ова се должи благодарение на iPad таблет компјутерот. Оперативниот систем на Apple сега води со 30,5 отсто од пазарот на паметни уреди, Symbian е втор со 28,7 отсто, на трето место е оперативниот систем на Google, Android, со 23,5 отсто, RIM со 8,1 отсто, Microsoft со 5,5 отсто, и други платформи со 3,7 отсто.

Таблет компјутерите сочинуваат 16 отсто од вкупниот број на Android уреди, додека iPad и iPod Touch придонесуваат дури за половина од вкупниот број на iOS уреди.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top