Цариниците и граничните служби кои носат одлуки дали некој треба да биде пропуштен или задржан, наскоро би можеле да заминат во пензија. На нивно место би можел да се користи паметен киоск кој доаѓа со вграден детектор на лаги. Киоскот може да биде првата проверка пред граничната служба да продолжи со испитувањето, јави CNBC.
AVATAR е дело на Арон Елкинс, професор на Универзитетот Сан Диего и дел од националната агенција за безбедност. Првата замисла и тестови се од 2011, 2012 година, но технологијата тогаш не беше доволно развиена.
Секако киоскот нема да ја носи финалната одлука дали некој може да влезе или не. Сепак првата проценка треба да значи дека службите на царина ќе имаат повеќе време за попроблематичните случаи. Според најавата, технологијата ќе може да процени дали некој е азилант или бегалец, или можеби има различна причина за влез.
Паметниот киоск е наречен AVATAR и доаѓа со вештачка интелигенција и куп сензори. Уредот е софистициран детектор на лаги и ќе може преку отчитување на движењето на очите, ставот на стоење и промени во гласот да проценува. Уредот може да процени дали некој сака да го измами подобро од луѓето што е исклучително остварување. Вештачката интелигенција тоа го прави со просек од 60 и 75%, а луѓето помеѓу 54 и 60%.
AVATAR не е нов проект, системот се тестира уште од 2012 година. Секако технологијата не беше подготвена за ваков проект во тоа време, па AVATAR остана да чека на подобри времиња. Сега изгледа дека ова време е дојдено, а компанијата добива финансии од Агенцијата за национална безбедност.
Што би се случувало со цариниците во иднина? Можеби поради поголемата продуктивност потребата ќе биде намалена, или ќе може да посветат повеќе време на проблематичните случаи. Без сомневање, најголем дел од нив ќе треба да се здобијат со нови вештини за заедничка работа со роботите.
Најверојатно првите AVATAR киосци би можеле да се појават на границата со Мексико. Изградбата на ѕид и модернизација на тој дел од границата е едно од ветувањата на претседателот Доналд Трамп. За 2019 година е најавена инвестиција во инфраструктура на погранични зони во висина од 223 милиони долари. Дополнително, уште 210,5 милиони долари ќе влезат за нови цариници и погранични агенти.







