Франција и Германија инсистираат на поголем фонд за европски стартапи

0 коментари 1 мин. читање

Стравот од преземање поголем ризик ги спречува европските компании да прераснат во следните Google или Facebook. За да се надмине претпазливоста на европските претприемачи, Франција и Германија инсистираат на поголем финансиски фонд за технолошките стартапи.

Неопходни се заеднички напори за да го зголемиме инвестицискиот капитал и регулација за да дозволиме успешно префрлање на технологијата на пазарот, како и темел и развој на дисруптивните технолошки компании во Европа, пренесува Reuters.

Двете држави притискаат овие промени да бидат направени и донесени пред јуни.

Франција веќе инвестира 1,5 милијарди евра во стартапи кои работат на вештачка интелигенција. Целта е да се спречи одливот на кадар, но и цели компании надвор од Европа. САД и Кина се лидери на ова поле, а засега Европа е далеку.

Повеќе средства ќе помогнат за новите стартапи, а ќе помогнат и да се охрабрат претриемачите да преземат поголем ризик. Секако ќе бидат потребни и повеќе ментори кои ќе може да го споделат своето искуство и знаење.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед