0 коментари 2 мин. читање 29 мај, 2018

Пребарувајте одговори во книги со новата алатка на Google

Секојпат кога барате одговор на исклучително важно прашање соочени сте со две опции: Или да го барате одговорот во книги или на интернет. Но, што доколку го сакате најдоброто од двата света?

Нова алатка од Google, која се вика Talk to Books ви дозволува да поставите прашање и потоа да ви го сервира одговорот така што пребарува текстови од над 100 000 книги. Ваквиот неконвенционален пристап не се труди да нуди резултати поврзани со клучни зборови туку истакнува пасуси кои најдобро се поклопуваат со вашето прашање. Сосема разбирливо, одговорите понекогаш не ни ги содржат зборовите кои сте ги искористите за да го формулирате прашањето, но дефинитивно откриваат интересни перспективи и суптилно поттикнуваат жед за читање одредени книги.

За најдобра ефикасност, Talk to Books ве охрабрува да го поставите вашето прашање како кога разговарате со некого. На пример, резултатите се многу подобри доколку напишете: Are computer games dangerous?, наместо: computer games dangerous.

Моментно, Talk to Books е во експериментална фаза и е најдобро да се користи за поставување прашања за одредени факти отколку прашања поврзани за политика или култура. Дури и во моментната фаза, тешко е, а да не се цени алатката и уникатната можност да се прошират темите на начин на кој не можат традиционалните пребарувања преку Google.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top