Што е ново во iTunes 11?

во Софтвер

Apple го објави новиот iTunes 11 преку кој се поврзуваат сите iPad-и и iPhone-и кога треба да се синхронизира, купи и симне содржина. Тоа што е ново е што iTunes сега работи побрзо, што е доста возбудлива вест за корисниците на iOS платформата бидејќи iTunes од секогаш бил тромав при користењето.

Уште една од поважните новини е редизајн на интерфејсот, со кој е тргнат левиот сајдбар каде беа сместени разните библиотеки како подкасти, музика итн. Со ова се отвара простор за пребарување. Но, иако Apple вели дека „вашата колекција никогаш не изгледаше подобро“, најверојатно поголем дел од корисниците преку Show Sidebar опцијата во View менито ќе го вратат сајбарот бидејќи е практичен и го забрзува организирањето. Табот за музиката има нови филтри како песни, албуми, музичари и тип на музика, плејлиста и радио.

Пребарувањето по музичари сега го „проширува просторот“, односно ги прикажува сите песни под албумот кој се пребарува, со можност да се продолжи со пребарувањето на музиката. Покрај песните, прикажува и слични албуми според жанрот на музиката веднаш под песните.

iCloud сега е подобро интегриран, листајќи ги сите купени песни директно во iTunes заедно со копче за симнување на песните доколку сакате да ги преслушувате офлајн.

Подобрен е и мини плеерот кој сега е помал, но со нови опции како Up Next за да се види која песна е следна, но без да стартува. Тргнати се компчињата за премотување напред и назад на песната, плеј и стоп, бидејќи Mac ги има тие компчиња хардверски. Сепак со поставување на глувчето врз плеерот сите можни опции се појавуваат.

Сега е редизајниран и интерфејсот на продавницата да изгледа исто без врска преку кој уред, iPod, iPhone или iPad, се прелистува.

iTunes 11 може да го симнете од тука > http://www.apple.com/itunes/download.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk