Велешка компанија претстави паметен бојлер кој се контролира со iPhone и Android

во ИТ.МК

Велешката компанија Leov Company го претстави својот нов производ, кој најверојатно е првиот паметен бојлер кој може да се контролира со iPhone или Android телефон. Овој бојлер e според таканаречениот тренд на Интернет на нештата, односно еден од многуте идни паметни домашни уреди кои се поврзани со Интернет и кои може да се контролираат од било каде.

„И бојлерот и контролорот се македонски производи, а и софтверот што ќе се вгради. Јас ја имав идејата, а ја усоврши млад тим ИТ-инженери од Скопје.“, вели директорот на компанијата, Златко Леов, за Утрински Весник. „Идејата ја имав уште пред година и пол, кога видов дека луѓето сè повеќе се навлекуваат на идејата за паметни домови (смарт-хаус). На овој начин веќе нема да бидеме зависни од тоа дали има некој дома за да го вклучи бојлерот. Само со неколку клика на телефонот ќе може да се вклучи бојлерот од каде што сакате“.

Паметниот бојлер на Leov e најавен дека ќе биде пуштен во продажба во јуни, и би требало да чини „малку повеќе од обичниот бојлер“. Корисниците ќе треба само да го скенираат кодот, да ја симнат апликацијатa за iOS или Android и да се поврзат со бојлерот. Бојлерот е испрограмиран да користи евтина струја во таканаречен „екомод“, вели г. Леов чија компанија произведува и соларни бојлери за греење на вода.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk