1 коментар 2 мин. читање 3 април, 2014

Европа го откачи скапиот роаминг; Парламентот гласаше за „поврзан континент“

Европскиот Парламент гласаше против роамингот како дел од поголеми телеком реформи. Ова значи дека од 15-ти декември 2015-та година Европејците ќе можат да зборуваат и сурфаат слободно од своите мобилни телефони и кога се надвор од својата земја, во рамките на Европа, без страв дека ќе завршат со огромни трошоци. Во неколку анкети, Европската Комисија покажа дека дури 97 отсто од Европејците чувствуваат ограничување да ги користат своите телефони надвор од домашната земја. Според Европа, ова требаше да се смени во отворен пазар со полесна комуникација и попродуктивна економија.

Но, од друга страна, можно е да поскапат домашните повици бидејќи телеком индустријата нема да се откаже толку лесно од своите приходи, вели Reuters. Европскиот Парламент гласаше и за нет-неутралноста која им забранува на операторите да фаворизираат интернет сообраќај, без разлика на која содржина се користи. Нет-неутралноста исто така значи дека интернет провајдерите нема да ги фаворизираат големите клиенти обезбедувајќи им побрз пристап во замена за платени соработки. ,

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Dragan
Dragan
12 years ago

Штета што ова за нас не важи така да…

Мени
Заедница
Изглед
To top