Наскоро microUSB приклучокот ќе биде заменет со USB Тype-C верзија која ќе биде реверзибилна, односно ќе може да биде приклучена од било која страна без опасност да се заглави во телефонот и таблет компјутерот. Конечно на IDF конференцијата во Кина за прв пат беше презентиран и можниот изглед на приклучокот. Според првата слика Type-C е со ширина од 8,3 милиметри и висина од 2,5 милиметри, а според претходната најава кабелот треба да подржува трансфер до 10 Gbps и да издржи јачина на струја од 3 ампери за каблите и 5 ампери за конекторите.
Слајдовите се од Foxconn, а ова не е конечен изглед и сè уште е подложен на модификации, но конечната верзија ќе биде готова до средината на 2014, јави Next Web.

Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.