Веб сајтот на BBC… Нова Македонија де!

во Блог

Неодамна обновениот дневен весник Нова Македонија конечно, како што му доликува на еден таков медиум си доби и нов веб сајт. Пoтегот е дефинитивно за поздравување. Новиот сајт на весникот е поедноставен, попрактичен и содржи повеќе информации на едно место. Поделен е по категории како во весникот, а на почетната страна дополнително е збогатен со конвертор за курсна листа и временска прогноза.

Се супер… освен што сајтов не е воопшто оригинален и иновативен и е само бледа копија на сајтот на BBC, секако занемарувајќи ја интерактивноста, опциите за прикажување само на одредени категории и бирање на боја на сајтот, блоговите и сите оние дополнителни сервиси на веб 2.0 трендот кои претпоставувам дека се "премногу сложени" за нашиве медиуми затоа што упорно ги игнорираат.

Овој случај на имитирање на феноменалниот сајт на BBC не е прв на овие простори, пред неколку месеци и хрватската HRT го објави нивниот нов сајт, апла оној на BBC. Ама таму, барем луѓето се потрудиле да ги пренесат и кај нив оние интересни веб 2.0 опции кои му овозможуваат на корисникот да си ја персонализира страната
барем според содржина и боја.

{mosimage}

Со објавувањето на новиот веб сајт на Нова Македонија лично ме разочарува и фактот дека повторно како и кај сите други дневни медиуми во Македонија не е посветено доволно внимание на интернет маркетингот кој може да оствари дополнителен профит за медиумите бидеќи он-лајн верзиите им се далеку почитани.

Случајов само ја дополнува катастрофалната состојба на онлајн изданијата на македонските медиуми… досега никој медиум од овој вид нема посветено повеќе време и ресурси на своите е-верзии и сеуште имаат катастрофални дизајни, линкови во "њњњ" форма, а и уште пострашно не ги ни линкуваат, ниту пак се интересираат да воведат поголема корисничка интерактивност освен во вид на коментари или форуми, кои пак во некои случаи не ги модерираат.

Зошто сеуште едни од најпосетуваните сајтови во Македонија се назад неколку години во дизајнот и интернет услугите и заостануваат во иновативноста кога се карактеризираме како "земја на информатичари" и тежнееме кон создавање на информатичко општество? Овојпат нема да можеме да се извадиме и на тврдењето дека интернетот во Македонија е "за никаде" па со тоа и џабе богатите и интерактивни содржини, бидејќи во последно време благодарение на конкурентноста на пазарот добиваме колку толку посаглам интернет пристап.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments