И Google Fonts ја прекршува Општата регулатива за заштита на податоците

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Image courtesy of Google Fonts

Окружниот суд во Минхен му изрече симболична казна од 100 евра на неименуван оператор на веб-сајт поради непочитување на одредбите од Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR). Причина за казната е испраќање на IP адресата на посетителите на веб-страницата до Google, преку интеграција на Google Fonts на страницата.

Минатиот месец, Австриската агенција за заштита на податоците донесе одлука според која Google Analytics не е во согласност со GDPR. Причината за оваа одлука беше што податоците за аналитика на сообраќајот се чуваат и обработуваат на сервери во САД. Ова беше потврда на одлуката на Европскиот суд на правдата, од јули 2020 која ја прогласи „Privacy Shield“ за недоволна заштита за податоците на Европјаните. Поради ова и самата обработка на податоците на Google Analytics во САД е недозволена.

Што е Google Fonts

Google Fonts е бесплатна библиотека со над 1358 различни семејства на фонтови за 135 јазици. Корисникот може да ги преземе или да ги користи преку надворешен „stylesheet“.

Употребата на сервисот е супер едноставна. Корисникот одбира кои фонтови сака да ги користи на својата страница или апликација, а платформата генерира код кој треба да се додаде на веб-страницата или во апликацијата.

Во јануари 2022 над 50,1 милиони веб-страници и Android апликации ги користеле Google Fonts.

Во двата случаи причина за неусогласеност со GDPR се личните податоци на корисниците. Во Европа со GDPR податоците како: IP-адреса, ID за огласување и интернет колачиња, се прогласени за информации со кои може да се идентификува корисникот. Поради ова, едно од барањата е за користење и обработка на овие податоци да мора да се добие согласност од носителот на информациите.

Проблемот е што при воспоставување на врската за вчитувањето на фонтовите од Google Fonts, со серверот на Google, се споделува и IP адресата на корисникот. Google нема никакви скриени намери со кои ги собира податоците, туку едноставно вака функционира http-повик. Дали, како и колку Google понатаму ги користи овие податоци засега нема информации.

Што значи ова

Google Fonts нуди можност за преземање на фонтовите и нивно хостирање локално и тоа е наједноставно решение. За ова, корисникот може да ги преземе фонтовите и да ги „качи“ на својот сервер. Со ова решение, не е потребна комуникација со серверите на Google Fonts, па IP-адресата нема да се сподели со нив, и нема потреба да се бара дополнителна дозвола од корисниците.

Секако ова би го отворило прашањето и за користењето на Google Fonts, и дали воопшто ќе продолжат да постојат како сервис.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments