За уредување видеа постојат најразлични апликации, но SmartCut, како што ѝ кажува името, првенствено е апликација за автоматско отстранување на деловите во видеото каде што има тишина. Ова е одлично само за оние видео материјали кои се целосно фокусираат на зборување и каде потребата е да се елиминира непотребната и понекогаш долга тишина помеѓу сегментите.
Голем број уредувачи на видеа, бараат од вас постојано и рачно кликнување, одбележување и кратење на видео материјалот, но со SmartCut таквиот процес е автоматизиран и доаѓате до финалниот резултат без да правите рачни нагодувања. Нормално, доколку сакате може фино да ги прилагодувате тишините преку соодветни лизгачи.
Тишината се детектира и отстрануваат користејќи вештачка интелигенција, а за да пристапите до алатката нема потреба од преземање апликации. Се работи за веб алатка која е дел од Kapwing online editor. Но, Smart Cut не е само за автоматизирано отстранување вакви сегменти. Преку онлајн алатката која, патем, е бесплатна и лишена од какви било реклами или водени жигови, можете да ги правите и следниве работи:
- Автоматско создавање титлови
- Вметнување текст во видео
- Вметнување слики и gif-ови во видео
- Вметнување музика и звучни ефекти
Процесот е едноставен и лесно можете да дојдете до значително поквалитетно видео, особено доколку сте се решиле да создавате најразлични видео содржини онлајн.