1 коментар 1 мин. читање

Утре Facebook ќе ги стартува новите Open Graph апликации

Според AllThingsD, Facebook на утрешната прес-конфереција ќе ги стартува новите Open Graph апликации, односно новите начини за споделување на содржина кои беа претставени во септември.

Со овие нови активности Facebook ќе се обиде да ги мотивира корисниците не само да споделуваат содржина со Like копчето, туку и да „користат“ содржина, односно да ја слушаат, гледаат, а може да има апликации и за, пример, „run” или „cook”. Сите овие апликации ќе ја прикажуваат активноста на пријателите во реално време.

Најверојатно ќе видиме и нови копчиња за активностите бидејќи апликациите ќе можат да се користат и на Facebook и на надворешните сајтови, а сите активности ќе се појавуваат на корисничкиот Timeline. Ваквите активности ќе бидат објавувани за сите пријатели да ги видат и да се вклучат во користење на апликацијата.

[youtube]q3b94kFBah8[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top