За жал Фудбалската федеранција на Македонија (ФФМ) не успеа да му се скрие на Интернетот. Откако го претстави својот нов грб, кое, да бидеме фер, им се допадна на многумина, беше откриено дека се работи за копија на друго лого. Доколку ја користите апликацијата на Jogabo за да си организирате свои натпревари, тогаш најверојатно веќе го препознавте логото на средината на грбот. Благодарение на друштвените мрежи – сликата првин се појави на Twitter, потоа беше споделена и на Facebook – новото лого на ФФМ стигна и до стартапот кој ja сподели шеговитата генеза на новиот симбол на ФФМ. Иако во дизајнот се спомнува и грбот на Ирска, сепак тука се забележуваат разлики, сличноста, поточно копијата е само фудбалската топка.
Well it’s official, the Macedonian Football Federation is now using the JOGABO logo. WOW! pic.twitter.com/otaQXvGWIQ
— JOGABO (@jogabo) March 27, 2014
Новото лого заедно со новите симболи и мотото „Обединето за радоста која фудбалот ја носи“ беше изгласано едногласно на седницата на Генералното собрание на ФФМ одржана на 22 март. Се надеваме дека наскоро репрезентацијата ќе добие ново оригинално лого со кое ќе обезбеди пласман на Европското првенство.
Ги побаравме ФФМ за коментар, но маркетинг одделот не беше достапен, не повикаа да се јавиме од понеделник.
Официјалното објаснување на новиот грб:









Раце гора за сината линија која представува стабилна основа на која е поставена ФФМ! B)