0 коментари 2 мин. читање 28 март, 2014

Швајцарија ќе ја одржи првата Олимпијада за бионички спортисти во 2016-та

Првиот Cybathlon, Олимписки игри за бионички спортисти ќе се одржат во 2016 година во Швајцарија, јавува BBC. Учесниците на овие игри ќе се натпреваруваат контролирајќи аватар со помош на мозочните бранови, а ќе има и трки за натпреварувачи со вештачки екстремитети и егзоскелети. Во трките на аватари со помош на човек-машина интерфејс ќе можат да се напреваруваат учесници кои се парализирани од вратот надолу.

„Идејата е да се забрза развојот на помошната технологија кон уреди кои пациентите ќе можат да ги користат во секојдневието. Некои од сегашните технологија изгледаат добро но се далеку од практични или едноставни за користење“, вели професорот Хју Хер.

За разлика од стандардните Олимиски игри на Cybathlon ќе бидат доделени две медали, една за учесникот, а другата за производителот на опремата. Идејата зад игрите е потикнување на производителите да работат на опрема која ќе биде практична и применлива во секојдневието за луѓето на кои навистина оваа опрема ќе им биде потребна и ќе им го подобри квалитетот на животот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top