Не се чудите зошто толку многу твитови со хаш-тагот #ул го преплавија Twitter фидот. Креативната македонска Twitter зеадница, секогаш расположена за тролање и шеги, стартува нов популарен хаштаг за да ги исмее властите кои сакаат да ги преименуваат скопските улици.
Веста која го стартуваше хаштагот #ул е дека најдоцна до есен голем дел од скопските улици, булерари и мостови ќе добијат нови имиња. Веќе има креирано советничка група во Градскиот совет која ќе започне со листање на предлози за нови имиња.
Твитерџиите пак не чекаа да им се одобрат предлозите и веднаш започнаа да ги именуват улиците, секоја со ново забавно и креативно име според некоја своја карактеристика. Така сега има ул. Берлускони зад МТВ, булевар Партиски Одреди, раскрсница Разумен компромис, ул. Болен Дојчин пред болница…
Иако се само на шега, сепак многу од овие имиња кои ги дадода твитерџиите имаат повеќе смисла од тие што се предложени од владеачките партии, како што се предлозите за име на улица да е Стив Џобс, Ана Франк, Борис Елцин, Голи Оток, Конфучиј и други. Целиот твитер фид со хаштагот #ул го имате подолу.








предлозите за имињата на улиците од твитерџииве ептен ме насмеаја :D
trolovi brat.
Си голтнал една буква во последниот ред од првиот параграф :)
Ниту е прв пат, а верувај нема да е ни последен… Катастрофа се во однос на писменост и пречитување на на напишаното…