УЈП им се закани на фриленсерите што заработуваат на интернет

во ИТ.МК

Управата за јавни приходи очекува зголемување на даночните пријави од граѓани кои заработуваат на Интернет, пренесува Вест, повикувајќи се на изјава на УЈП. Ова пред сѐ се однесува на заработката од фриленс сервисите како Freelancer или Upwork.

„Една од категориите обврзници што треба да поднесат годишна даночна пријава за персонален данок на доход се граѓаните што во 2015 година имале приходи остварени преку Интернет: од е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страници, како што сe Freelancer, Upwork и други, од поставување реклами на сопствени Интернет страници и од прогнози (дојави) на типови за спортски натпревари. Овој начин на приходување зема замав, а УЈП има начини да ги открие и оданочи оние што остваруваат приходи на овој начин. Многу граѓани бараат појаснување од УЈП дали треба да пријават данок за заработката која ја имаат преку давање услуги преку компјутер“, изјави Весна Новаковиќ од УЈП.

Со оглед на тоа дека рокот за пријавување на данокот од дополнителни приходи е до 15 март, наскоро ќе дознаеме дали навистина во УЈП имаат ефикасен метод да ја дознаат заработката на фриленсерите. Она што најверојатно ќе биде поинтересно е што можеби конечно ќе дознаеме колку од луѓето се фриленсери, и колку средства заработуваат.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
11 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Al3k
Al3k
5 years ago

Ногу јака сликата! :)

Blasko
Blasko
5 years ago

Danok mora da se plati kako i da vrtish, i ako gi primash parite na smetka vo Slovenija ke si platish danok tamu. I ne gledam nikakov problem si zarabotil pari treba da se plati danok na prihod, isto e vo sekoja drzava.

nekoi degeni
nekoi degeni
5 years ago

http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/544

приходи остварени преку интернет (е-трговија; услуги извршени преку специјализирани страни пр. http://www.freelancer.com , http://www.upwork.com и др.;

da
da
5 years ago

Во ред е тоа ама ако парите ти стигаат на трансакциска сметка од Македонска банка инаку на која основа ќе бидеш оданочен?

Јонче Христовски
Јонче Христовски
5 years ago

А ако одат во грција и ги вадат таму пари треба ли и таму да се плаќа данок? ТИ КД ИДЕШ НА ОДМОР И ВАДИШ ПАРЕ ОД БАНКОМАТ ПЛАЌАШ ЛИ ПОСЛЕ ДАНАК НА ТУЈ ДРЖАВУ?

Anonymous
Anonymous
5 years ago

Бугарски пасош или во Словенија или во Бугарија у банка и терајте работа само провизија ке ви земат банките…
УЈП од фриленсерите треба да добијат еден К***Ц.

Pece
Pece
5 years ago

Извор на вестите послабо а? Ова ми се чини ти реков ми рече, врв на македонското новинарство со да речам…

Виктор Дано
5 years ago
Reply to  Pece

Изворот е УЈП.

Power
Power
5 years ago

Нема ништo нa стрaнaтa нa УЈП зa oвa, тaкa дa не пoстирaјте глупoсти.

loopz
loopz
5 years ago
Reply to  Pece

Има, за жал. Не дека нè уплашија, али шпијуни су увек меџу нама. Кај и да е, ќе дојде.
http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/544

Pece
Pece
5 years ago
Reply to  loopz

Нема врска ова со закана. Само е наведено дека и тие приходи треба да се пријават. Твое е дали ќе ги вадиш некаде во друга држава или ќе ги вадиш тука и ќе си плаќаш данок на споменици…

ит кариера

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Front End Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk