1 коментар 2 мин. читање 3 март, 2016

Ова се детали за хрватскиот Rimac Concept_S, најбрзиот електричен автомобил во светот

Хрватскиот производител на електрични автомобили го претстави новиот автомобил Rimac Concept_S кој изгледа фантастично. Автомобилот е претставен на меѓународниот автомобилски саем кој се одржува во Женева. Станува збор за најверојатно најбрзиот електричен автомобил досега со мотор од 1.365 коњски сили. Concept_S забрзува до 100 km/h за само 2,5 секунди, има максимален вртлив момент од 1800 Nm при број на вртежи од 0 до 6.500. Капацитетот на батеријата е 82 kWh, јави Netokracija.

Concept_S-4

Oстатокот од автомобилот е сличен со Concept_One, на пример, секое од тркалата доаѓа со сопствен мотор кој заедно со Rimac All Wheel Torque Vectoring овозможува максимална влечна сила. За споредба Concept_One има 218 kW и 200 Nm помалку. Сепак најпрепознатливиот детал, по која автомобилот најлесно се распознава е задниот спојлер.

Concept_S_02

Цената на Concept_S засега е непозната, но речиси е извесно дека ќе биде поскап од 980.000 доларки колку што чини Concept_One.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Aleksandar
Aleksandar
10 years ago

Браво, пример за дека се може било каде (и во Источна Европа и на Балканот), се што ќе направиш визија да реализираш и тоа во рангот на престижноста

ТОП

Мени
Заедница
Изглед
To top