Uber започна нова услуга – UberCommute

во Свет

Uber започна нова услуга, UberCommute која им овозможува на возачите кои патуваат на подолги растојанија, да се договорат со луѓе на кои им е потребен превоз и да ги поделат трошоците за патот. UberComumute за прв пат ќе биде достапен во Ченгду, Кина, јави Uber на својот блог.

„Ја одбравме Кина за прва дестинација на UberCommute – за првпат лансираме услуга, глобален продукт пред да ја претставивме во САД. Ова го правиме поради апетитот на кинските возачи и патници, и да помогнеме на креативен начин за превоз од точка А до точка Б. Со текот на времето се надеваме дека ќе го адаптираме UberCommute и ќе биде достапен во целиот свет, со што ќе помогнеме да се намали цената за сите, а со тоа и да се намали загадувањето“.

Апликацијата е едноставна, а секој може да селектира рута до каде ќе оди, по што сервисот му предлага корисници со кои може да го сподели патувањето. Што се однесува до луѓето кои ќе ја користат услугата за превоз, за нив сервисот е ист како и Uber апликацијата, со таа разлика што повеќе патници можат да се возат со едно возило. Она што е интересно е дека Uber започнува со новиот сервис во Кина, покажувајќи дека компанијата нема да го игнорора потенцијално најголемиот пазар.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments