Nvidia предлага графички за дектоп во лаптоп компјутерите

во Хардвер

Nvidia GTX 980 доаѓа и на лаптоп компјутерите. Веќе постои GTX 980M верзија на графичката картичка, но овојпат не станува збор за тоа, туку за десктоп верзијата, на оваа навистина моќна графичка картичка. Ова ќе овозможи играње на најновите видеоигри, но без сомневање нема добро да се одрази на батеријата.

Првите лаптоп компјутери со GTX 980 доаѓаат од ASUS и MSI, а според Nvidia во споредба со мобилната верзија на истата картичка GTX 980M, десктоп графичка карта ќе ги зголеми перформансите на компјутерите за 30 отсто. Ова е доволно за гејминг на три монитори.

Се чини дека овој пат Nvidia целосно полудеа кога се гејминг лаптоп компјутерите, па GTX 980 заедно со Skylake K-серијата ќе нудат луди перформанси. Сепак со оглед на тоа дека графичката за десктоп е со моќност 165W, мора да се направат некои ограничувања. Новата графичка ќе биде достапна единствено на 17 инчни лаптоп компјутери, со екран со 1080р резолуција и подршка за G-Sync. За дел од лаптопите ќе доаѓаат и со можост за 4К-резолуција, но ова не е потврдено. Се разбира перформансите доаѓаат за цена. Според процената најниските цени за еден од моделите од MSI со две графички во SLI би можеле да бидат околу 2,700 евра!

Лоша вест е и што овие лаптоп компјутери ќе тежат повеќе од останатите, па најверојатно корисникот нема да може постојано да се шета со нив. Дополнително цената е превисока, батеријата секако ќе биде проблем, па на крајот, купувачите можеби ќе завршат со лаптоп кој ќе го користат како преплатен десктоп.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk