0 коментари 1 мин. читање

Twitter за iOS, Android и веб сега е „повизуелен“

In-stream видеа и фотографии се додадени во најновите мобилни верзии и веб верзијата на Twitter. До сега требаше да кликнете на линкови за да ги видите фотографиите и видеата, а сега ќе видите preview на таа содржина. Кликнете на неа, и ќе ви се отвори целосната фотографија или ќе стартува видеото. Во моментов се прикажуваат само фотографии кои се споделени преку Twitter и неговите мобилни апликации, и кратките видеа споделени преку Vine. Во мобилните верзии сега е полесно да се ретвитува или одговори на твитот така што се додадени потребните опции веднаш под твитот. До сега тоа се правеше со лизгање со прст врз твитот или кликнување на него.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top