Facebook размислува да го купи BlackBerry

во Мобилни

Директорите на BlackBerry минатата недела се сретнале со Facebook да разговараат околу потенцијална понуда велат извори на Wall Street Journal. Друштвената мрежа веќе подолго време ја следат гласини дека ќе претстави свој брендиран паметен телефон, и затоа е можно да си купат производител, поточно да го купат BlackBerry кој и официјално се продава.

Доколку шпекулациите се покажат како точни, Facebook би можел да ги искористи патентите на канадскиот производител за да издаде сопствен паметен телефон. Ова би можело да значи дека компанијата ќе излезе со сопствен телефон, налик на HTC First, а за останатите производители ќе остане Facebook Home. Со оглед на тоа дека за BlackBerry се заинтересирани и Google и Samsung се очекува можната понуда да не помине назабележано од конкурентите.

Една од компаниите кои се најсериозни за купување на BlackBerry е Lenovo, но засега единствена понуда за компанијата доаѓа од FairFax Financial кои излегоа со понуда од 4,7 милијарди долари. Вредноста на компанијата од оваа понуда е падната, но се проценува дека само патентите кои се во сопственост на BlackBerry се со вредност помеѓу 1 и 3 милијарди долари.

Интересно, но првиот обид на Facebook во соработка со HTC, HTC First, беше вистинско фијаско. Се чини дека корисниците сепак не се заинтерсирани за телефон чија единствена предност ќе биде супериорната интеграција на друштвената мрежа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk