Јазичната бариера се повеќе се намалува, како овие сервиси за автоматски преводи не приближуваат и отвараат јазици кои предходно биле непознати за нас. По примерот на Facebook кој започна да го користи Bing Translate за да преведува коментари и статуси, Twitter сега почнува да тестира слична функционалност.
Mashable тврди дека добиле информација од официјален извор од Twitter дека тие работат на ваква алатка за автоматско преведување на твитови.
Сега за сега оваа функционалност е овозможена само за мал број на корисници на Twitter затоа што автоматските преводи на твитови сè уште се во експериментална фаза. Не почнувајте да се радувате дека одсега ќе можете многу лесно да разберете што зборуваат вашите пријатели кои зборуваат странски јазик затоа што сè уште не е познато дали оваа можност за превод ќе се овозможи за сите корисници или ќе се затвори како неуспешен експеримент.








едноставно Тхе Бест сте Ит ИТ никогаш не прекинувајте да објавувате новостиии!!!!