По серијата отпуштања само еден инженер дел од тимот за промените во Twitter API

Отпуштањата на илјадници вработени во период во кој Twitter се обидува да направи трансформација секако не можеше да помине без никакви проблеми. Корисниците на Twitter кои ја посетија платформата на почетокот на неделата видоа сосем нефункционален микроблог.

Линкови кои не функционираат, непостоечки слики во твитовите, беа еден дел од грешките. Обидот за отворање на било кој линк, па дури и оние кои требаа да ја објаснат грешката или водеа до услови за користење на Twitter, ја јавуваа истата грешка.

{"errors":[{"message":"Your current API plan does not include access to this endpoint, please see https://developer.twitter.com/en/docs/twitter-api for more information","code":467}]}

Twitter работел на интерни промени во дел од системите кои ги предизвикале непредвидените проблеми. Менуваните системи се оние кои овозможувале прекин до бесплатниот пристап до API -то на Twitter. Компанијата во февруари објави дека бесплатниот пристап до API ќе биде укинат, а наместо ова ќе издадат нова платена верзија.

Илон Маск проблемот во недостапноста на платформата го гледа во „нежноста“ на стакот употребен за развој на платформата. „Минимални промени во API-то предизвика огромни последици… На крај кодот ќе треба целосно да се преработи“, вели Маск.

Поради кратењата, на проектот работел само еден инженер за доверливост (site reliability engineer). Тој направил несоодветна промена во конфигурацијата, со што API-то на Twitter престанало да функционира, пренесе Platformer. Иако со промените биле зафатени повеќе критични системи, во овој случај биле надгледувани од само еден инженер.

Направените промени имаа влијание на голем дел од системите. Покрај оние кој беа видливи на делот кој е отворен за јавност, паднати беа и интерните алатки на вработените.

Дел од вработените објаснуваат дека причина за техничките проблеми на Twitter се наследени уште пред во компанијата да дојде Илон Маск. Барем дел од вината е во оригиналниот код и најмали промени, предизвикуваат пад на системот.

Несомнено дел од проблемите е и кратењето на илјадници вработени во компанијата. Во моментов Twitter има само 550 инженери. Дел од вработените предупредија дека овие кратења ќе предизвикаат проблеми, а по се изгледа корисниците мора да бидат подготвени на слични прекини и во иднина.

За сите кои ги следат прекините ова не е изненадување. Од почетокот на годината ова е шести прекин на нормалната работа на Twitter. Без разлика дали грешките се прекин на вчитување на твитови или грешка која спречува објавување на нови твитови, шест прекини за 2 месеци се премногу. Пропустите не застануваат на ова, но останатите барем не ја спречуваат работата на платформата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk