Gawker успеа да дојде до финансиски извештај од Twitter, компанијата е приватна и ги чува овие информации како тајни, во кој се вели дека компанијата во 2010-та изгуби 68 милиони долари. И 2011-та изгледа лошо, со загуби од 25,8 милиони долари.
Koмпанијата, која е основана пред шест години, успеа да стана влијателна друштвен медиум за брзи вести и со над, официјално, 100 милиони корисници, меѓу кои и купишта популарни ѕвезди и политичари кои обезбедуваат бесплатна содржина. Според тоа, вели Gawker, тие имаа полно време за експерименти и правење профит.
„Овие нови бројки додаваат депресивна нота на историјата на Twitter како најголемата пропуштена бизнис шанса меѓу медиумите и ИТ индустријата.“, пишува Рајан Тејт од Gawker.
И покрај загубите многумина велат дека финансиските бројки покажуваат дека Twitter расте како мрежа која до сега експериментираше со изнаоѓање на начини како да постави реклами. Сега, тие Twitter реклами ги има насекаде, на официјалната страна како промотивни трендови и твитови, на клиентите за твитање, има и опција за помалите огласувачи.
„Овие се клучни чекори бидејќи ќе им дозволи да го забрзаат продавањето на реклами (како што тоа се случи со Facebook). Oва е исто знак кој вели дека тие веруваат дека конечно имаат доволно простор за реклами за да ја задоволат побарувачката, што беше проблем во минатото.“, вели Петер Кафка од AllThingsD.
Сепак, проекциите за реклами, за кои Twitter вели дека имаат интеракција т.е. кликови од 3-5 отсто, наспроти 0,5 отсто од типичните банери, се само оптимистичка слика за наредниве години. Се очекува компанијата во 2012-та година да има приходи од 260 милиони долари, што е 10 пати повеќе од тие во 2010-та.
„Гледајќи ја поголемата слика, смешните први пет години на финансиските извештаии на Twitter можеби се само забавно неделно претставување во сага која ќе трае со декади и ќе биде испoлнета со епски богатства, популарност и успеси. Но тие ќе треба да ја носат сликата на несоодветни претприемачи кои не учат дека парите од инвеститорите, многуте моќни пријатели и легијата приврзаници, иако е добро да ги имате и тешко да не ги сакаш, сепак не додаваат кон вистински или издржлив бизнис.“, пишува г. Тејт.
Twitter одби да коментира за финансискиот извештај објавен од Gawker.