Прв поглед на Angry Birds in Space

0 коментари 1 мин. читање

Десетина дена пред официјалното деби во вселената „Гневните птици“ веќе ја окупираа галаксијата. Сопствениците на Samsung Galaxy телефоните бесплатно ќе добијат бонус ниво за оваа игра. Angry Birds e една од најпопуларните игри за паметни телефони, a oваа понуда на ексклузивни содржини Samsung ја доби поради партнерството со Rovio студиото кое ја дизајнира оваа игра.

Не може да се превиди и тоа што играта беше промовирана на Galaxy Note телефоните кои и покрај тоа што се едни од најмоќните на пазарот сепак поради недостигот на поквалитетни игри истовремено е и еден од поздодевните. Заедно со најавата беше промовирана и првата снимка од играта. Според тоа што може да се забележи на снимката прасињата имаат причина да бидат загрижени.

[youtube]JBpWFlGg8KI[/youtube]

[youtube]gPh2lZ3Npfo[/youtube]

[youtube]10eHOnufWkA[/youtube]
Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед