0 коментари 1 мин. читање 12 март, 2012

Instagram за Android е подобра апликација од таа зa iOS, вели основачот

Koрисниците на Android наскоро ќе ја добијат најпопуларната апликација за споделување на фотографии која до сега беше ексклузивна само за уредите на Аpple.

Ко-основачот на Instagram Кевин Систром најави на SXSW дека Android верзијата се тестира во приватна бета и ќе биде објавена „многу бргу“.

„На некој начин, подобра е од нашата iOS апликација. Неверојатно е.“

Минатата година Instagram беше прогласена за апликација на годината од Apple. Симната преку 27 милиони пати, популарната апликација овозможува споделување фотографии со пријателите преку друштвени мрежи и има вградени филтри кои додаваат на шармот на фотографијата кои ја прават да изгледа поинтересно.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top