Twitter под контрола во Европа за заштитата на личните податоци

Украдени податоци од над 400 милиони корисници на Twitter, ќе му донесат на микро-блогот нови главоболки. Хакерот кој тврди дека ги поседува, неодамна објави дел од податоците како доказ. Веродостојноста на објавените податоци ја потврди и безбедносната компанија Hudson Rock.

Европската Унија најави дека ќе отвори истрага за тоа дали компанијата ги исполнува барањата на Законот за заштита на податоците. Со оглед на тоа дека седиштето на Twitter за Европа е во Ирска, со истрагата ќе раководи Ирската комисија за заштита на податоците.

Во украдените податоци се телефонски броеви и имејл адреси на корисниците, а има и јавни личности и политичари. Дел од жртвите се новинарот Пирс Морган; поранешниот австралиски премиер Скот Морисон; пејачот Скот Мендес; американската политичарка Александрија Окасио-Кортез, креаторот на Ethereum Виталик Бутерин и многу други…

Во делот од податоците кои беа јавно објавени, досега од јавните личности се споделени единствено податоците на австралискиот премиер. Податоците се собрани со скрапирање (scrap) на Twitter со користење на безбедносен пропуст, пренесе Guardian. Во жртвите има и компании, и оригинални и специјални имиња.

Пропустот во API системите на компанијата им овозможи на напаѓачите да дознаат дали профилот е поврзан со телефон и имејл адреса. Потоа можеле да креираат листа податоци од приватните и јавно достапните податоци. Twitter го затвори пропустот една година подоцна, но за жал, тогаш беше предоцна.

Хакерот се обиде да контактира некој од надлежните во микро-блогот и ги понуди податоците за 200 000 американски долари. Ова на компанијата ќе и овозможеше да ја избегне казната за нарушување на GDPR.

Засега Twitter не одговорил на барањата на медиумите за коментар. Безбедносниот експерт Брајан Кребс од krebsonsecurity на Twitter побара одговори од Елон Маск за украдените податоци. Податоците на корисниците секако не се украдени откако Маск е на чело на компанијата, но некој сепак ќе мора да одговори како се случил пропустот.

Ако се потврди дека Twitter не ги исполнува условите за заштита на податоците, казните за компанијата може да бидат ригорозни. За сличен пропуст и број на корисници Meta пред еден месец плати казна од 265 милиони евра. Како и во случајот со Twitter пропуст им овозможил на „data scrapers“ да направат листа на телефонски броеви на корисниците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments