Егзодусот продолжува  – Европската федерација на новинари ќе престане да објавува содржини на X

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Европската федерација на новинари (EFJ) претставува над 295 000 новинари во 44 земји. Оваа недела федерацијата објави дека од 20 јануари 2025 година ќе престане да објавува содржини на платформата X. Одлуката доаѓа по изборот на Доналд Трамп за 47-ми претседател на САД.

Федерацијата го обвини Маск дека го претворил микро-блогот, во машина за дезинформации и пропаганда. Пoради ова тие повеќе не може етички да учествуваат на социјалната мрежа, пренесе The London Economics.

Етички принципи или политички разлики

Одлуката на платформата доаѓа во чувствително време. Причините на EFJ за заминување се разбирливи. Сепак, останувањето на X ќе овозможеше подиректно да се соочат со проблемите на платформата. Битката за новинарска етика и демократија може да биде највлијателна онаму каде што предизвиците се највидливи. X секако е една од критичните платформи во борбата против дезинформациите.

Генералниот секретар на EFJ, Рикардо Гутиерез, изјави:

„По изборите во САД, EFJ посочи на заканата за демократијата и слободата на изразување, предизвикана од соработката меѓу претседателот на најмоќната земја во светот, Доналд Трамп, и најбогатиот човек во светот, Илон Маск. Маск, кој е сопственик на социјалната мрежа X, ќе биде назначен за раководител на новоформираното „Одделение за ефикасност на владата“ (DOGE) кога Трамп ќе ја преземе функцијата.“

„Не можеме да продолжиме да учествуваме на социјалната мрежа на човек кој ги прогласува медиумите, а со тоа и новинарите, за непријатели. X стана омилена платформа за ширење на теории на заговор, расизам, екстремно десничарски идеи и мизогинија. Платформата повеќе не му служи на јавниот интерес, туку на посебните идеолошки и финансиски интереси на нејзиниот сопственик и неговите политички сојузници

Ваквата еволуција на X по купувањето на Илон Мас е спротивна на нашите хуманистички вредности, на нашата борба за слобода на медиумите и медиумскиот  плурализам.“, вели претседателката на EFJ, Маја Север.

Одлуката на EFJ следува по сличните чекори на голем број европски медиуми, меѓу кои „The Guardian“, шведскиот „Dagens Nyheter“, шпанската „La Vanguardia“ и француските „Ouest-France“ и „Sud-Ouest“. Тие поради влијанието на Маск врз неговото фунционирање порано го напуштија микро-блогот.

Гермaнски фудбалски клубови ја напуштаат платформата

Од платформата започнаа да се повлекуваат и некои од најголемите фудбалски клубови од Германија. Тие соопштија дека X повеќе не претставува безбедна и продуктивна средина за комуникација со фановите.

Германскиот второлигаш Сент Паули стана првиот тим од Бундеслигата кој на 14 ноември 2024 година ја напушти социјалната мрежа X, поради загриженост за ширење дезинформации и пропаганда на платформата. По ова, и фудбалскиот клуб Вердер Бремен на 18 ноември 2024 година објави дека се повлекува од социјалната мрежа X. Генералниот директор на клубот, Клаус Филбри, ја соопшти оваа одлука на годишното собрание, наведувајќи дека под водство на Илон Маск платформата станала простор за говор на омраза, дискриминација и ширење на теории на заговор.

Вердер Бремен ги повика своите над 600 000 следбеници да ги следат на алтернативната платформа Bluesky, каде што клубот ќе продолжи да комуницира со своите фанови.

Werder објави дека го напушта X

Bayer Leverkusen, Wolfsburg и Hannover 96 го најавија своето излегување, но барем засега, сѐ уште се двоумат и не ја напуштиле платформата.

Јавни личности го напуштаат X

Но медиумите и фудбалските клубови се само дел од поранешните корисници на платформата. Јавни личности како германскиот новинар Клаус Клебер и францускиот режисер Лук Бесон исто така го избраа повлекувањето од X, наведувајќи ја платформата како „токсична средина која повеќе не ги промовира вредностите на отворена дискусија и социјална хармонија“.

Само во втората половина на ноември, платформата ја напуштија и актерот Марк Хамил, новинарот Дон Лемон, писателот Стивен Кинг, режисерот Гиљермо дел Торо, актерката Џејми ли Кертис.

Многу од личностите се префрлаат на конкурентските платформи BlueSky и Threads, каде што продолжуваат да комуницираат со своите следбеници. Двете понови платформи во последниот период забележуваат прилив на милиони нови корисници.

Речиси 100 милијарди причини за задоволство

Иако X загуби голем дел од својата вредното откако Маск ја купи за над 40 милијарди долари, се чини дека милијардерот нема причина за загриженост. На крајот на минатиот месец неговото богатство беше проценето на околу 350 милијарди долари. Ова е околу 83 милијарди долари повеќе отколку што „вредеше“ на денот на изборите, пренесе CTV. Оттогаш вредноста на акциите се промени, па сега според „real-time billionaire tracker“ на Bloomberg e 326 милијарди американски долари.

Image courtesy of Web Summit / Flickr / Web Summit

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments