Twitter стартува таргетирани реклами, но ќе дозволи Do Not Track опција

Twitter најави дека ќе понуди реклами кои ќе ги таргетираат корисниците преку нивните веб колачиња. Иако таквите реклами можат за некои да звучат како закана за приватноста, сепак Twitter ќе овозможи опција корисниците да бидат исклучени од таков маркетинг.

На почетокот Twitter ќе ги нуди спонзорираните твитови за корисниците во САД, следејќи ги што пребаруваат на Интернет, колку често го прават тоа и на кои е-билтени се претплатени. Компаниите ќе може да им понудат промотивни твитови само на корисниците кои се претплатени со нивните мејлови.

Таргетирани реклами веќе долго време ги користат Google, Facebook, Amazon и други поголеми сајтови. Но, Twitter е еден од ретките сервиси кои нудат Do Not Track опција, така што корисниците ќе може да ги избегнат тие реклами.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments