0 коментари 2 мин. читање 5 март, 2013

Twitter го уби TweetDeck за AIR, iPhone и Android

Тwitter реши да ја прекине поддршката за TweetDeck на неколку различни платформи со цел да ги натера корисниците да ја користат веб-базирана верзија на клиентот која e „брза и богата со функционалности“ и Chrome апликација која нуди нотификации.

ТweetDeck, кој беше купен од Twitter за 40 милиони долари во 2011-та година, сега ќе биде достапен на веб, за Mаc и за PC-ja. Интересно е што Twitter ја прекинува поддршката за AIR верзијата која се користеше на десктоп, но можно е да се решиле на таков чекор бидејќи тој клиент беше спор и заземаше премногу ресурси. Исто така, TweetDeck нема веќе да има интеграција со Facebook.

„На многу начини, форсирањето на веб искуството на TweetDeck и прекинувањето на поддршката за апликации е рефлекција на навиките на корисниците на TweetDeck. Во последните неколку години видовме постојан тренд кај луѓето кои користат TweetDеck на своите компјутер, и Twitter на своите мобилни апликации. Овој тренд се совпаѓа со претставувањето на Twitter за Android и Twitter за iPhone…“, вели друштвената мрежа на својот блог.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top