Најновиот паметен телефон на Samsung ќе има таканаречена „eye scrolling” технологија која ќе ги следи очите и автоматски ќе скрола надолу или нагоре по веб страните кои корисникот ги чита, oткрива New York Times повикувајќи се на анонимен извор кој е вработен во јужнокорејската компанија. Според изворот, софтверот кој ќе го има Galaxy S4 ќе биде далеку поважен и поинтересен од хардверските перформанси.
Оваa информација се потврдува со патентот за Eye Scrolling кој Samsung го поднесе во Европа и САД во јануари. Патентот ја објаснува технологијата како апликација која ги следи очите за скролање на „паметни телефони, таблет компјутер и дигитални камери“.
Galaxy S4 ќе биде претставен на 14-ти март на прес конференција во Њу Јорк. Сè уште нема детали за цената и кога ќе биде пуштен во продажба во Европа, и секако во Македонија.
cena 1000 evra
Нема теоретски шанси толку, не е ова преценет ајфон.