Можеби Gangnam Style или Harlem Shake лудилото не ги зафати роботите, но тоа не го намалува успехот на Бруно Месоние чија група на хуманоидни роботи Nao имаше одличен перформанс на TEDxConcorde.
„Роботите минуваат низ сличен период како микрокомпјутерите. Ова значи дека стотици млади и не толку млади љубопитни ентузијасти, сакаат да ги истражат новите уреди/алатки кои ќе го револуционизираат светот.“, вели основачот на Aldebaran Robotics и кореграф на роботите кои играат.
Роботите работат на софтверот Choreographe (кој разбира Urbi, Python и C++) на Aldebaran кој им дозволува на корисниците едноставно да креираат и едитираат движења и интерактивно однесување. Постојат библиотеки од кои можат да се ископираат основни движења, или пак да се креира уникатен сет на роботски маневри. Во моментов има над 300 Neo роботи ширум светот кои се репрограмираат за да користат разни задачи.
[youtube]ww9ClmCWBr0[/youtube]