Twitter го поместува лимитот на Vine видеата од 6 на 140 секунди

Twitter ќе се обиде да го освои видео пазарот пред конкуренцијaта. Компанијата смета дека 6-секундните видеа на Vine се прекуси, но и дека се исполнети доволно услови за подолги видеа. Затоа ограничувањето сега е зголемено на 140 секунди на Vine, а и лимитот на должина на видео на Twitter е зголемен од 30 на 140 секунди, пренесува Recode.

Промените наскоро ќе бидат достапни во апликацијата, и според најавите надградбата на апликацијата доаѓа со простор за видео и препорачани видео содржини. Корисниците можат да притиснат на видета и тоа ќе отвори Watch Mode, дел на апликацијата наменет исклучиво за видео.

Најверојатно најголемата предност кога заработката е во прашање се видео рекламите, но ова важи за платформи како YouTube и Snapchat каде целата содржина или барем најголемиот дел од содржината е видео. Останатите платформи имаат проблеми, па корисниците или ги исклучуваат видеата или им го гасат звукот.

Сериозноста на Twitter ја покажува и определбата да ги исплаќа креаторите на содржина на Vine. Влијателните корисници на платформата ќе можат да стават реклами пред почетокот на својата содржина со Twitter Amplify. Креаторите на содржина ќе добијат 70 отсто од заработката од видео рекламитe, а Twitter 30 отсто.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments