Новиот Photoshop е „попаметен“, со Content-Aware Crop и Face-Awаre Liquify

Adobe oбјави нова надградба на Photoshop CC 2015.5, која доаѓа со неколку „трикови во ракавот“, вели Petapixel. Можеби најважната промена доаѓа за корисниците кои често работат со фонтови и Content-Aware Fill функции, бидејќи овие опции сега работат дури три пати побрзо. Освен оваа промена има уште неколку интересни нови функции како: Content-Aware Crop, Face-Aware Liquify и Selection and Masking Taskspace.

Новата функционалност на Content-Aware Crop ќе ви овозможи да задржите поголем дел од сликата, дури и кога треба да ја завртите, без разлика дали вртењето е да се израмни хоризонтот или било која друга причина. Паметниот crop овозможува далеку попаметно отсекување на делови. Ова овозможува софтверот автоматски да ги пополни деловите кои ќе недостасуваат.

 

Face-Awаre Liquify ќе овозможи подобро препознавање на ликовите на фотографијата. Софтверот автоматски ги препознава ликовите и со тоа овозможува обработка само на овој дел на сликата. Промените овозможуваат помали корекции на ликот но и креирање на „карикатури“

photochop-cc-2015-5-liquify

Последната алатка овозможува попрецизно и поедноставно селектирање на делови од сликите. Неколку дополнителни функции сега овозможуваат значително попрецизно на алатките кои и досега беа достапни во Photoshop. Ова најверојатно е и најкорисната функционалност додадена во оваа надградба.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments