Спонзориран текст

Трајче од ⋮IWConnect – Љубопитноста и желбата за развој се клучни за успешна кариера во ИТ

Спонзорирано од :IWConnect

во ИТ Кариера, ИТ.МК, Спонзорирани

Трајче е дел од  ⋮IWConnect веќе 4 години, а работи како Технички консултант во одделот DevOps. Со помош на неговата упорност, тимски дух и желба постојано да напредува тој се разви во вистински професионалец. Во следните страни прочитајте кој е Трајче, зошто избра да гради кариера во DevOps, што работи еден DevOps инженер и зошто токму тие се едни од најбараните на пазарот на трудот денес. Прочитајте ја неговата интересна приказна, а ако сакате да дознаете повеќе за алатките кои овозможуваат целосен мониторинг на околина со само еден клик, не го пропуштајте неговиот вебинар на 29.11.2021 во 15 часот. 

Кој е Трајче?

Јас сум Трајче Трајков, човек што веќе 4 години успешно  е дел од ИТ светот. Работам речиси 4 години во ⋮IWConnect како DevOps инженер и сум тим лидер во одделот Devops. Моето искуство се темели на постојаната желба за напредок, проширување на знаењето, работење со нови технологии  и постојано истражување на перспективата која што ја нуди ИТ светот.  Го сакам чувството на тимски дух и секогаш се трудам и сум посветен да бидам добар тимски играч кој охрабрува и дава доверба на тимот и го уверува дека сè може да се надмине.  Слободното време сакам да го искористам за  читање на добра книга или пак да одам на планинарење.

Што е потребно да се започне кариера во ИТ?

Како што кажав и претходно да се биде дел од ИТ сферата е навистина голем предизвик. Постојаното учење на технологиите значи секогаш да се биде чекор понапред со времето, а со тоа и да се добие поголема агилност и способност на еден поединец за лична надоградба. Најважно според мене за да се започне со кариера во ИТ е да се има желба, мотивираност, а пред сè дисциплина која самокритички ќе ве насочи на развој во било која од областите.  Доколку сте љубопитни за изучување на нови  технологии, постојано се стремите кон развој и продлабочување на вашето знаење, истражувате тогаш тоа е навистина добар показател дека може да постигнете успешна кариера во ИТ. Денес постојат голем број на едукативни центри, како што е ИВ Едукативниот Центар, каде што може да се посетат обуки и академии, а со тоа да се добие знаење кое понатаму постојано ќе се надоградува. Секако има и доста други отворени можности како онлајн вебинари, курсеви, книги итн. 

Зошто баш DevOps? Зошто е тоа толку популарна област, а истовремено и толку барана?

DevOps претставува област каде што динамиката на живот има посебно темпо. Да се биде дел од оваа област значи да се биде отворен за нови предизвици и подготвен за постојана надоградба на знаење.  DevOps е комбинација од алатки и технологии  кои ја зголемуваат способноста на организацијата да испорачува апликации и услуги со голема брзина: развивање и подобрување на производите и управување со инфраструктурата. Оваа брзина им овозможува на организациите подобра  соработка со  своите клиенти и поголема скалабилност. Со самиот раст на бројот на проекти пропорционално се зголемува и потребата од DevOps инженери кои претставуваат неизоставен дел во денешницата  при  одржување на една работна околина.

Како изгледа еден работен ден на еден DevOps инженер во ⋮IWConnect?

Непредвидлив и исполнет, во секоја смисла. Секојдневието доколку работиш како DevOps инженер не се планира. Секако дека денот започнува со утринско кафе со колегите од тимот, а понатаму следуваат работните обврски. Константнa комуникација со клиентите од проектите на кои што работиме, извршување на таскови кои потребно е да бидат навремени, мониторинг на околините, дебагирање на грешки и нудење на решенија кои овозможуваат да имаме стабилни околини и секако задоволни клиенти. 

Искуството кое се стекнува секојдневно е главен поттик за мене како DevOps инженер постојано да напредувам и да учам за нови можности и нови технологии.

За крај зошто сите кои работат во DevOps мораат да бидат дел од вебинарот кој ќе се случува на 29.11.2021?

Вебинарот кој ќе се случува на 29.11, One-click Deployment of an ELK Based Monitoring Solution using Terraform and Kubernetes, е навистина одлична прилика за сите оние кои што работат во DevOps, или пак сакаат да работат во иднина, но и останатите кои сакаат да дознаат повеќе и да бидат во тек со брзиот раст и популарност на овие технологии. Моментално можам да речам дека голема е побарувачката и потребата од знаење на алатки кои овозможуваат целосен мониторинг на околина со само еден клик. Големи се можностите кои се нудат со употребата на едно вакво решение, се зголемува ефективноста и ефикасноста, а секако дека се зголемуваат и можностите .

Слободно би можел да ве охрабрам сите да присуствувате на овај настан и да добиете подобра слика за тоа како да изградите инфраструктурна мрежа со само еден клик, автоматски имплементиран деплојмент во Kubernetes кластер, мониторинг и следење на логовите при користење на структурирани податоци и други практични совети.

За крај само би се надоврзал со една доста популарна мисла со која сакам да посочам дека времето е скапоцено за секој од нас, така што искористете го правилно и приклучете се на овај настан:

   “Your time is limited, so don’t waste it living someone else’s life.”
― Steve Jobs

Регистрирај се веднаш

Линк за регистрација на вебинарот: https://bit.ly/3wKaUPi

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на :IWConnect. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk