0 коментари 2 мин. читање 28 октомври, 2011

Тime.mk претстави нов сервис за преглед на настани

Прв пат најавен во август, Time.mk, сега и официјално го стартува својот нов сервис Настани кој ќе функционира како пребарувач на настани од разни градови.

Првата очигледна разлика меѓу Time.mk за вести и Time.mk Настани е новиот и поелегантен дизајн. Но, според основачот Игор Трајковски наскоро и Time.mk за вести биде редизајниран.

Втората разлика е што Настани не се агрегираат, како што е случајот со вестите, односно додека Time.mk ги влече вестите од RSS фидот на сајтот каде што се објавени, настаните ги внесуваат самите организатори кои мора првин да се регистрираат на сервисот. Имаат опција и за регистрација преку Facebook.

Настаните се поделени по категории, има прегледување на забавни, културни настани, кино, спортски и едукативни настани, фестивали и прес-конференции, како и промоции. Сите настани може да ги пребарувате по категорија или по клучен збор. Има и интересна опција за да се пребаруваат настаните според „ноќни“ и „дневни“ настани.

Откако ќе отворите некој настан ќе може да видите краток опис на настанот, колку други настани има организирано тој организатор, пример, кафуле или театар, ќе ја има и адреса и сајт на организаторот, и секако ќе има опции да се сподели тој настан на друштвените мрежи. Во моментот се чини сите настани ги додава самиот Time.mk со цел да собере повеќе настани и да го разработи сервисот.

Тоа што недостасува е пребарување по град, но Игор вели дека тоа е следната опција. „Ќе биде наскоро. По зададено [default] ќе биде наместено за Скопје, и ќе може да се филтрира по град.“

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top