Google го покажа новиот изглед на своите мапите, кои сега се направени според Material Design, стилот кој го прифатија за својот нов Android L. Редизајнот, вели Google, ќе ги направи патувањата поедноставни. Промените ќе дојдат до сите корисници во следните неколку денови, а Google ветува дека новите бои, материјалите, леерите и копчиња ќе ги воодушеват сите. Според сликите, Google можеби e во право.
Новите мапи доаѓаат и со поголема функционалности, кои за жал се достапни само во САД. Пример има можност за резервација на маса во ресторан или следење на Uber возила. Покрај ова корисникот ќе може со едноставно одбирање на локацијата да ги види фотографиите, прегледите за местото и слично.
Промената на Google Maps ќе дојде истовремено на Android и на iPhone.
[youtube]p4gmvHyuZzw[/youtube]









