По повод 130-та годишна традиција на производство на вино, винаријата Тиквеш отвори дигитален музеј посветен на создавање на вино во Македонија. Во музејот ќе најдете фотографии и приказни од минатото кои сведочат за производството и пиење на виното, како и етикети, шишиња и примероци кои се дел од историјата на најпознатата македонска винарија.
Музејот е објавен како Tumblr блог што значи дека сите фанови на виното ќе можат да објавуваат и свои авторски фотографии од историски артефакти или настани поврзани со историјата на Тиквеш. „Верувам дека голем број вљубеници во уметноста на правење и уживање во врвното вино, ќе ја збогатат колекцијата со тоа што ќе достават и свои фотографии кои сведочат за историјата на „Тиквеш“ и неговите вина, затоа што тие се составен дел од нашите животни радости“, вели Елена Младеновска Јеленковиќ, маркетинг менаџер на Тиквеш.
Disclaimer: Виртуелниот музеј на Тиквеш е изработен од Glitch Agency, маркетинг агенцијата на IWM Network, кои се сопственици на IT.com.mk. Овој текст не е платена/нарачана реклама.