0 коментари 2 мин. читање 3 септември, 2015

Acer го претстави својот прв модуларен компјутер

Acer презентираше нова идеја за модуларен компјутер, во кој компонентите се инсталираат и менуваат поедноставно од било кога досега. Revo Build e претставен на IFA 2015 конференцијата која се одржува во Берлин. Начинот на кој функционира уредот потсетува на модуларните телефони oд Project Ara, но со дополнително олеснување. За разлика од Ara овде сите компоненти доаѓаат на еден слот, односно се прикачуваат над основата. Основата доаѓа со процесор и меморија, а сите останати: диск, графичка картичка, звучна картичка, напојување доаѓаат во различни блокови.

Блоковите со помош на магнет се прикачуваат еден на друг, нема кабли и автоматски се препознаваат кога ќе бидат приклучени, без разлика кој блок го ставате. Можностите за супер едноставно менување на компонентите ќе овозможи едноставно менување на истите, а Acer најавува дека редовно ќе издава надградби, но ова сепак најверојатно ќе зависи пред се од прифаќањето на уредот. Revo Build ќе доаѓа со Windows 10 и најевтината верзија ќе чини 250 евра. За жал за сега нема информации за достапноста и цената на уредот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top