Intel ги објави сите Skylake процесори, ги има во сите брзини и за разни намени

во Хардвер

Новата Skylake генерација на процесори од Intel е најмоќна досега, а компанијата веќе објасни дека оваа генерација на процесори е наменета за сите кои сакаат перформанси, откако претходините беа креирани за намалена потрошувачка на енергија. За Skylake, Intel предвиде четири серии Y-серија, S-серија, Н-серија и U-серија. S-серијата е наменета за десктоп компјутери, all-in-one и mini PC; H-серијата е за гејминг ноутбук и преносни станици; Y е за таблет компјутери, хибриди и Intel Compute Stick.

Новите процесори од Y-серијата по пример на I-сериите сега доаѓаат како m3, m5 и m7, со тоа што освен во процесирачката моќ на компјутерот, за секое повисоко скалило овојпат скалира и графичкиот Intel HD 515 процесор. Овие процесори се наменети за таблет компјутери, па потрошувачката не е занемарлива. Под помали оптоварувања е до 3.5W, но при поголеми пресметки расте до 7W.

U-серијата е нешто поробусна, со работна фрекфенција од 2.8 до 3.2 GHz и потрошувачка од 7,5 до 9W при минимално оптоварување и 15W при стандардно оптоварување. Графичкиот процесор е Intel HD 520 и Iris HD 540. H-Серијата е наменета за лаптоп комјутери со подобри перфоманси, најчесто гејминг, иако гејмерите и не се преголеми љубители на играње на лаптоп, па останува мистерија за кого всушност се наменети овие компјутери. Компанијата презентираше и два Xeon процесори кои како што забележа Hothardware се дел од H-серијата.

Најголем дел од процесорите веќе имаат и цена која за Y-серијата се движи од 280 до 395 долари, а таа е цената и за U-серијата. Процесорите од H-серијата се достапни од 225 долари, па се до 570 долари за i7-6920HQ. Xeon процесорите пак се достапни за 435 и 623 долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Владо
Владо
10 years ago

Новата Skylake генерација на професори од Intel ….најверојатно треба ПРОЦЕСОРИ од интел :D