Glitché e повеќе од Instagram клише

во Совети

Време е да ги испратите Instagram клише класиците LO-FI и X-PRO II и да им посакате добредојде на цела низа Glitché ефекти кои од вашите фотографии ќе направат вистински дигитални ремек дела.

Оваа iPhone апликација, осмислена од Владимир Шрејдер и развиена од Борис Головнев, Иван Шорников и Дмитри Јаковлев, нуди низа интерактивни ефекти како Glitch, Scene, Grid, Datamosh, VHS и други, кои ќе им дадат комплетно нова димензија на вашите секојдневни фотки и ќе ви дадат бесплатен влез во светот на дигиталната „glitch“ уметност. Можностите за уредување на фотографии се бесконечни, а финалните продукти ќе изгледаат како да поминале часови и часови на постпродукција. Извртени бои, флуоресцентни линии, координантни мрежи, 3D ефекти, GIF-анимации, фотки испреплетени една во друга, се само дел од психоделичните резултати кои може да ги очекувате од Glitché.

За генијалноста на оваа апликација сведочи и фактот дека е апсолутен хит меѓу најуникатните имиња во модната индустрија во моментот. Ник Најт, фотограф и директор на авандгардната модна веб страна SHOWstudio.com, ја искористи Glitché за продукција на фантастични модни филмови за првата модна ревија на Никола Формикети за DIESEL која се оддржа на 3-ти април во Венеција. Модната куќа Dolce & Gabanna, пак, комплетно ја „искриви“ кампањата за пролет-лето 2014.

Предупредуваме: заразно е.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments