Thalassa: Edge of the Abyss е игра со длабока и емоционална приказна

Како авантура која обработува длабока психолошка драма, Thalassa: Edge of the Abyss е феноменално дигитално остварување кое бескруполозно ќе ве вовлече во извонреден свет и ќе ве опсипе со трогателни човечки емоции. Во случај да сакате незаборавно подводно искуство и комплексни мистерии, чедото на Sarepta Studio ќе знае како да ве заинтригира и да најде траен дом во вашиот ум.

Мир во длабочина на океан

Дејството на Thalassa: Edge of the Abyss е сместено во 1905 година. Играјќи со Кам, имате за задача да го истражите вашиот сега-потопен брод Теласа и да пробате да дознаете што се случило со останатите членови од тимот. Секој ваш чекор открива одредени детали за членовите од вашиот тим. Преку најразлични дневници и индиции за контекст, ќе дознаете лични работи за останатите членови. На крај, она што изгледа дека е потрага по ликовите, излегува дека е емоционално…

…патување за самооткривање

Вовлекувањето во емоционалниот свет на Thalassa: Edge of the Abyss е повеќе-факторно.

Од една страна, се наоѓате сами во огромен напуштен брод полн со контекстни индиции, дневници и фотографии од топли и, барем на површина, среќни луѓе. Но, како гребете под површината, така дознавате длабоко вознемирувачки и трогателни детали кои никако не ве оставаат рамнодушни.

Од друга страна, играте во прво лице. Со забележително успорено движење се провлекувате низ бројни, едвај-осветлени и напуштени соби кои се полни со интимни лични работи и алудирање на исполнети животи. Ваквото нешто, во комбинација со меланхоничката музичка подлога, е толку добро изведено да немате избор ни вие да не се чуствувате емоционално инвестирани во дејството.

Лековита емоционална драма

Малку игри успеваат во ова и особено сме благодарни на пријатното искуство кое го најдовме, особено при крајот на играта, кога конечно се здобивме со целосната слика за тимот. Во учење бројни работи за нив, научивме нешто и за нас. Thalassa: Edge of the Abyss е емоционална авантура која се одликува со огромен потенцијал за целосна имерзија во детален и преубав подводен свет. Доколку сакате да одморите од битки и целосно да се потопите во релаксирачко истражување и суптилно, но неуморно сервирање психолошка драма, тогаш ова е игра само за вас.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Sarepta Studio
  • ИздаваTeam17 Digital Ltd
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 1 август 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments