Tesla ќе гради фабрика од 2 милијарди долари во Кина

во feature, Свет

Tesla ја одбра локацијата за својата фабрика во Кина. Компанијата одбра локација во Шангај на која ќе биде изградена првата Gigafactory во Кина, но и првата фабрика надвор од САД.

Плацот за фабриката е 860 000 m2. Oва е една од првите одлуки откако компанијата потврди дека Eлон Маск ќе биде заменет како претседател на одборот. Секако одлуката најверојатно е донесена претходно. Интересно, Tesla е една од ретките компании кои во периодот на влошени односи поради санкции за трговска размена одлучи да инвестира во Кина.

Целта на Tesla е да го зголеми производството на возила што ќе придонесе и до можност за производство на поевтин автомобил. Желбата на г. Маск е развој на возило кое ќе чини помеѓу 20 и 30 илјади долари. Се чини дека единствена пречка за остварување на оваа идеја сега е производствениот капацитет на фабриките во САД. Според договорот кој компанијата го потпиша со властите во Шангај, фабриката ќе произведува 500 000 возила годишно.

Цената која гигантот ја плати за плацот во Кина е процената на 150,50 милиони долари, вели Reuters. Ова е речиси незабележително во споредба со 2 милијарди долари кои компанијата ги предвидува за изградба на фабриката.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments