Google ќе започне да им наплаќа на производителите за користење на сервисите во Европа

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, ИТ.ЕУ

Производителите на телефони кои сакаат своите уреди да ги продаваат во Европа ќе мора да започнат да му плаќаат на Google за дел од сервисите.

Еден од сервисите кои нема да бидат достапни без плаќање е Google Play Store. Всушност целиот „пакет“ кој е достапен на телефоните е поделен на 3 дела.

  • Самиот Android оперативен систем, достапен е бесплатно и без плаќање.
  • Play Store, Gmail, Google Maps во Европа не се бесплатни и ќе мора да биде платена лиценца. Нема можност за посебно плаќање и мора да биде платена лиценца за целиот пакет апликации.
  • Google Search и Chrome – може да се инсталираат бесплатно, но заедно со претходниот пакет апликации, пренесе Verge.

Или производителите можат да изберат еден од трите пакети: уред единствено со Android; уред со Android и Gmail, Maps и сличните сервиси; или сѐ заедно плус Google Search и Chrome.

„Инсталираните Google Search и Chrome заедно со другите наши апликации ни помагаа да финансираме и развиеме бесплатна верзија на андроид, ќе воведеме нов договор за лиценцирање на телефоните и таблет компјутерите кои се продаваат во Европа“, вели Хироши Локхајмер од Google.

Причината за промените е помалата потенцијална заработка од рекламите. Google собира податоци од корисниците преку пребарувањето и преку Chrome и потоа преку реклами заработува. Европската комисија и наложи на компанијата да го раздели Android од пребарувањето и од прелистувачот. Без овие податоци компанијата нема да заработи исто, па бара некаков дополнителен извор на финансирање.

Google ја обжали одлуката на Европската комисија, но компанијата ќе мора да ја испочитува пред да биде донесена одлуката по жалбата. Промените ќе бидат активни од 29 октомври, дали ќе бидат конечни ќе треба да почекаме и да видиме. Засега нема дополнителни податоци за начинот на плаќање ниту за цената која секој производител ќе треба да ја исплати.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Ден претходно, Google објави дека ги поддржува слободата на избор и конкуренцијата во Европа. Најавата значи дека корисниците на Android уреди ќе имаат избор кој прелистувач и пребарувач ќе го користат на своите уреди. Промените доаѓаат по казната од 4,3 милијарди евра. Претходно Google започна да им наплаќа на лиценци на производителите за користење на сервисите. Сервисите кои не се повеќе бесплатни за телефоните во Европа се: Play Store, Gmail и Google Maps. Повеќе за оваа промена прочитајте тука. […]

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

види ги сите огласи на kariera.it.mk